Испечатете ја страната

МЗТ Скопје сопрен во Куманово

2016 20 Апр

Трет пораз на кошаркарите на МЗТ Скопје во домашното првенство. Актуелниот шампион вечерва беше совладан од составот на Куманово со резултат 80-70, што за МЗТ Скопје значеше и прекин на серијата од девет последователни победи. Домашниот состав ги доби четири четвртини и сосема заслужено ги освои двата бода во овој дуел.
Кумановчани беа предводени од двоецот Костоски-Симоновски кои реализираа 20, односно 18 поени, додека добра игра прикажа и Вукашин Мандиќ кој средбата ја заврши со 15 поени.
Кај МЗТ Скопје, Марко Љубичиќ постигна 24 поени, Дреновац и Мијатовиќ беа стрелци на 15 поени.

МЗТ Скопје останува првопласиран на табелата со скор од 24 победи и 3 порази, а во последното коло на домашен терен го очекува дуелот со второпласираниот тим на Карпош Соколи.