МЗТ Скопје триумфира над Фени Индустри (81-58)

2016 16 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со успешните настапи во домашниот шампионат, откако вечерва на домашен терен во СЦ Јане Сандански беа поуспешни од Фени Индустри со убедливи 81-58.

Победата на актуелниот шампион дојде многу полесно од очекувата, откако доста рано во мечот дојде до висока предност која ја одржуваше до самиот финиш на средбата.

Љубомир Младеновски со 17 поени и 5 скока беше прв играч на вечерашната средба. Немања Протиќ постигна 13, Ѓорѓе Дреновац 12, додека Дамјан Стојановски 11 поени.

Кај Фени Индустри, Карло Враговиќ со 16 поени беше најефикасен кошаркар.

МЗТ Скопје својот следен меч ќе го одигра во среда (20.04.2016) кога му гостува на тимот на Куманово.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page