Испечатете ја страната

Гостински триумф над Кожув 54-61

2016 09 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со добрите игри и победи во домашниот кошаркарски шампионат и по 25.то коло кое беше на програмата денеска. Во Гевгелија, избраниците на тренерот Александар Јончевски го совладаа домаќинот Кожув со резултат 54-61 и со тоа ја забележаа 23.та победа.

Актуелниот шампион одлично го отвори мечот и на крајот од првата четвртина веќе имаше убедливо водство од 15 поени разлика, додека на полувреме позитивата беше зголемена за дополнителни три поени (20-38). Домашните кошаркари одиграа подобро во второто полувреме и успеаа да ја намалат негативата, но тоа не беше доволно да го спречат поразот.

Со 18 постигнати поени, Ѓорѓе Дреновац беше прв стрелец кај МЗТ Скопје. Данило Мијатовиќ постигна 14, додека Душко Буниќ средбата ја заврши со 9 поени и 12 скока.

Кај Кожув, американците Пен и Вајт беа најдобри со 14, односно 13 поени.

МЗТ Скопје својот следен меч ќе го одигра во сабота (16.04.2016) кога го пречекува тимот на Фени Индустри.