Совладан Бест за 20.триумф во домашниот шампионат

2016 25 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје го остварија и 20.от триумф во домашниот шампионат, откако вечерва беа подобри од последнопласираниот состав на Бест Гевгелија со резултат 89-51.
Натпреварот почна со израмнета игра на двете страни, но како поминуваше времето МЗТ Скопје ја зголемуваше својата предност од четвртина во четвртина за конечни и убедливи 89-51.

Сите кошаркари на МЗТ Скопје кои беа пријавени за настап на оваа средба се запишаа во листата на стрелци. Ѓорѓе Дреновац со 18 поени беше прв стрелец кај МЗТ Скопје. Љубомир Младеновски средбата ја заврши со 10 поени и 8 скока.
МЗТ Скопје настапи без Урош Луковиќ и Данило Мијатовиќ.

Во отсуство на првиот стрелец Тај Херис, Милан Марковиќ со 20 поени и 6 скока беше најдобар поединец кај гостите од Гевгелија.

МЗТ Скопје својот следен натпревар го игра наредниот викенд кога гостува на Струмица.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page