МЗТ Скопје подобар од Куманово 79-71

2016 15 Мар

Тимот на МЗТ Скопје на домашен терен во СЦ Јане Сандански успеа да оствари триумф над Куманово со резултат со 79-61 забележувајќи ја 18.та победа во 20.от натпревар од домашниот кошаркарски шампионат. Избраниците на Александар Јончевски одиграа одлично во првата и третата четвртина во кои создадоа двоцифрена предност, додека Кумановчани одиграа добра последна четвртина во која успеа да ја намалат високата предност на МЗТ Скопје за конечни 79-71.

Ѓорѓе Дреновац со 20 поени беше прв стрелец кај МЗТ Скопје. Урош Луковиќ одигра одличен натпревар со 18 поени и 9 скока. Со двоцифрен поентерски учинок беа уште и Данило Мијатовиќ со 13 поени и 8 скока,  Марко Луковиќ со 12 поени и Дамјан Стојановски со 10 поени.

Кај Куманово, Бојан Трајковски беше прв играч со 22 поена. Марко Симоновски и Александар Костоски постигнаа по 12 поени.

Со вечерашната победа МЗТ Скопје остана на врвот од табелата со три победи повеќе пред второпласираниот состав на Карпош Соколи, чиј што тим ќе биде противник на МЗТ Скопје во следното коло во кое Соколи ќе бидат домаќини во СЦ Борис Трајковски.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page