Испечатете ја страната

Фени-МЗТ Скопје 88-96 по едно продолжение

2016 09 Мар

Во рамките на 19.то коло од домашниот шампионат, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Фени Индустри со резултат 88-96 по едно продолжение од пет минути. Во регуларниот дел средбата заврши 83-83. Домашните кошаркари многу мотивирано влегоа во оваа средба, постигнаа 30 поени по првата четвртина, додека на полувремето заминаа со висока предност од 14 поени разлика.
МЗТ Скопје успеа да се врати во игра во второто полувреме во кое ја надомести разликата на Фени Индустри и мечот отиде во продолжението. Во дополнителните пет минути, актуелниот шампион со серија од 9-1 успеа да направи посериозна предност која што домашниот состав немаше сила да ја надомести.

Дамјан Стојановски беше прв стрелец кај МЗТ Скопје со 20 постигнати поени. Урош Луковиќ и Немања Протиќ имаа по 17 поени, додека Данило Мијатовиќ средбата ја заврши со 16 поени.

Кај Фени Индустри, Враговиќ постигна 20, а Тубак 19 поени.

Својот следен меч тимот на МЗТ Скопје ќе го игра веќе во петок (11.03.2016) кога во СЦ Јане Сандански го пречекува составот на Кожув. Натпревар е закажан за 19.00ч.