К.К. МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје поразен од Работнички 74-71

2016 16 Feb

Тимот на МЗТ Скопје е поразен од составот на Работнички со резултат 74-71, во градското дерби кое се одигра вечерва во Градски парк. МЗТ Скопје го запиша вториот овосезонски пораз во домашниот кошаркарски шампионат, откако одигра лош натпревар дозволувајќи им на домашните кошаркари да имаат контрола над резултатот во најголемиот дел од средбата. Работнички шутираше со преку 50% од поле, додека имаше и контрола над скок играта во сооднос 40-33.

Диме Тасовски со 19 поени беше најзаслужен за триумфот на Работнички.

Кај МЗТ Скопје, Марко Луковиќ постигна 22 поени. Данило Мијатовиќ беше стрелец на 12, додека Душко Буниќ постигна 10 поени.

МЗТ Скопје својот следен натревар го игра во петок против тимот на Бест Гевгелија, во четвртфиналето од Купот на Македонија чија завршница се игра во Гевгелија.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page