К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Рутинска победа над Струмица

2016 10 Feb

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром ја совлада екипата на Струмица со резултат 94-56 и со тоа ја впиша 14.та победа во домашниот кошаркарски шампионат. Актуелниот македонски шампион уште од самиот старт успеа да создаде двоцифрена предност која до самиот крај на мечот само се зголемуваше.

Горјан Марковски со 16 постигнати поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје. Браќата Урош и Марко Луковиќ постигнаа по 15 поени, Дамјан Стојановски постигна 14 поени, додека Љубомир МЛаденовски средбата ја заврши со 12 поени.

Кај Струмица, Андрејевиќ постигна 12 поени, додека Гоцевски беше стрелец  на 11 поени.

МЗТ Скопје во четврток патува за Задар, каде што во петок со почеток од 20.00ч против истоимениот домаќин ќе го одигра натпреварот од 24.то коло на АБА лигата.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page