Испечатете ја страната

Лесен триумф над Бест Гевгелија

2016 04 Фев

МЗТ Скопје ја забележа 14.та победа во домашниот кошаркарски шампионат, откако вечерва на гостувањето во Гевгелија беа подобри од домашниот тим на Бест со убедливи 50-104. Актуелниот шампион на овој дуел настапи без Марко Љубичиќ и Урош Луковиќ, додека деби настап имаше американецот Картер.

Во понеделник со почеток од 21.00ч, МЗТ Скопје е домаќин на лидерот на табелата во АБА лигата, тимот на Будучност од Подгорица.