К.К. МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје убедлив против Бест Гевгелија

2016 27 Jan

 

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ги продолжија своите успешни настапи во домашниот кошаркарски шампионат, откако вечерва беа подобри од тимот на Бест Гевгелија со резултат 113-70. За МЗТ Скопје тоа беше 13.та победа во досега одиграните 14. кола од македонскиот шампионат.
Тренерот Александар Јончевски им даде шанса за настап на сите кошаркари и сите се запишаа во листата на стрелците. Љубомир Младеновски беше најпрецизен играч во домашниот состав со реализирани 25 поени заедно со 7 скока. Немања Протиќ постигна 18 поени, Марко Луковиќ 11, додека Ѓорѓе Дреновац средбата ја заврши со 10 поени.
Во тимот на Бест Гевгелија, најефикасен играч беше Херис со 20 поени.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page