Испечатете ја страната

МЗТ Скопје сигурен против Карпош Соколи

2016 20 Јан

Во дерби натпреварот од 13.то коло на домашниот кошаркарски шампионат, МЗТ Скопје на гостински терен успеа да го совлада составот на Карпош Соколи со резултат 63-72. Избраниците на тренерот Јончевски до 12.от  овосезонски триумф во домашниот шампионат дојдоа без поголеми проблеми, создавајќи предност уште во првата четвртина која рутински ја одржуваа до крајот на средбата.
Урош Луковиќ беше централна фигура на вечерашниот натпревар на кој реализира 17 поени, надополнети со 10 скока. Дреновац постигна 18 поени, Мијатовиќ беше стрелец на 13 поени, додека Марко Љубичиќ средбата ја заврши со 10 поени.
Кај Карпош Соколи, Кнежевиќ и Болтиќ беа најефикасни со по 13 постигнати поени.