Испечатете ја страната

МЗТ Скопје поуспешен од Фени Индустри 79-71

2016 13 Јан

Во заостанатиот натпревар од 11.то коло на домашниот кошаркарски шампионат, тимот на МЗТ Скопје Аеродром го совлада составот на Фени Индустри со резултат 79-71 и остана на врвот од табелата.  МЗТ Скопје беше подобар противник во вториот и четвртиот период кога и ја создаде предноста, додека останатите две четвртини беа израмнети.

Марко Луковиќ беше прв стрелец во тимот на МЗТ Скопје со 21 поен. Ѓорѓе Дреновац постигна 18 поени, додека Дамјан Стојановски средбата ја заврши со 10 поени.
Кај Фени Индустри Кирил Николовски и Карло Враговиќ постигнаа по 19 поени.

МЗТ Скопје ги продолжува своите настапи веќе во сабота (16.01.2016) кога во рамките од 20.то коло на АБА лигата гостува кај Цибона.