К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Гостински триумф над Струмица 67-86

2015 15 Dec

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром ја совлада Струмица на гостински терен со резултат 67-86  и се издвои како лидер на табелата во домашниот кошаркарски шампионат по девет одиграни кола. Актуелниот првак беше подобар противник во текот на целата средба, добивајќи ги сите четири периоди.

Марко Љубичиќ постигна 16 поени и беше најефикасен играч кај МЗТ Скопје. Марко Луковиќ постигна 14 поени, Дреновац беше стрелец на 12 поени, Младеновски и Протиќ постигнаа по 10 поени.

Во рамките од АБА лигата, МЗТ Скопје гостува на кај Металац во Ваљево

Својот следен натпревар МЗТ Скопје го игра во сабота (19.12.2015) со почеток од 17.00ч кога гостува на Металац од Ваљево, во меч од 15.то коло на АБА лигата.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page