Испечатете ја страната

МЗТ Скопје убедлив против Куманово 92-68

2015 09 Дек

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа и осмиот триумф во деветиот натпревар од домашниот шампионат откако вечерва славеа убедлива победа над тимот на Куманово со резултат 92-68. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, МЗТ Скопје го доби првиот период (25-20) додека Куманово беше подобар во вториот (15-19) кога и ја намали предност на полувреме на само еден поен негатива.  При крајот на третиот и почетокот од последниот период МЗТ Скопје со фантастична серија од 16-0 успева да се одлепи резултатски со двоцифрена предност која до крајот на средбата дополнително се зголеми.


Ѓорѓе Дреновац со 23 поени и 7 скока беше најефикасен играч во победничкиот состав. Со двоцифрен број на поени беа уште и Немања Протиќ со 20 поени, Марко Луковиќ со 13 поени и Дамјан Стојановски со 12 поени.

Во тимот на Куманово, Бојан Трајковски со 17 поени беше најпрецизен играч.

МЗТ Скопје во сабота со почеток од 19.00ч, е домаќин на Унион Олимпија, во рамките од 14.то коло на АБА лигата.