Бест Гевгелија-МЗТ Скопје 81-109

2015 25 Ное

МЗТ Скопје го совлада дебитантот Бест со резултат 81-109 во последниот меч од 7.то коло на домашниот кошаркарски шампионат. Избраниците на тренерот Алеш Пипан беа подобар противник од домашниот состав во сите четири периоди од натпреварот, а најголемата предност ја стекнаа во втората четвртина која ја добија со резултат 15-28. Со вечерашниот триумф МЗТ Скопје се враќа на првата позиција од табелата, со скор од 6 победи и 1 пораз.

Ѓорѓе Дреновац со 24 поени беше прв играч на оваа средба. Со двоцифрен поентерски учинок беа уште и Љубичиќ, Луковиќ и Буниќ со по 14 поени, како и Младеновски кој постигна 12, односно Дамјан Стојановски кој средбата ја заврши со 10 поени. 

Кај домашните, Маринковиќ постигна 30 поени, додека Херис беше стрелец на 17 поени.

Следен натпревар за МЗТ Скопје е гостувањето во Цеље, Словенија против домаќинот Тајфун кој е закажан за недела со почеток од 17.00ч.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page