МЗТ Скопје подобар од Карпош Соколи

2015 18 Ное

Во последниот натпревар од 6.то коло на домашниот шампионат, тимот на МЗТ Скопје Аеродром беше подобар од составот на Карпош Соколи со резултат 76-72.  МЗТ Скопје во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот, a на моменти имаше и двоцифрена предност..

Двоецот Душко Буниќ - Ѓорѓе Дреновац беа најефикасните играчи во редовите на МЗТ Скопје. Буниќ покрај 18-те поени, средбата ја заврши и со 12 остварени скока. Дамјан Стојановски постигна 14 поени, додека Немања Протиќ беше стрелец на 12 поени.

Во тимот на Карпош Соколи, Казарновски постигна 22п, додека Шепа беше стрелец на 21 поен.

Со вечерашниот триумф, МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи се на делба на првата позиција на табелата во домашниот шампионат, со скор од 5 победи и 1 пораз.

МЗТ Скопје својот следен меч го игра во понеделник (23.11.2015) кога во СЦ Јане Сандански во Скопје гостува тимот на Задар.  

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page