МЗТ Скопје славеше во вечното дерби 90-85.

2015 12 Ное

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром успеа да слави победа над екипата на Работнички во вечното дерби кое се одигра во СЦ Јане Сандански. МЗТ Скопје беше поуспешен со резултат 90-85 и ја оствари четвртата победа во домашниот шампионат.  Избраниците на тренерот Алеш Пипан беа доминантни во првите три периода од средбата по кои имаа и двоцифрена предност. Гостите заиграа добро во последниот период од мечот, кога и успеаа да ја намалат разликата за конечни 90-85.


Ѓорѓе Дреновац беше прв играч во редовите на МЗТ Скопје со 25 постигнати поени, а додаде и 7 скока и 4 асистенции. Дамјан Стојановски постигна 14 поени, Мијатовиќ беше стрелец на 13 поени.

Димитар Мираковски со 21 поен и 9 асистенции беше најдобар играч во тимот на Работнички.

За кошаркарите на МЗТ Скопје нема многу одмор пред следниот натпревар, затоа што веќе во сабота со почеток од 21.00ч гостуваа во Подгорица кај тимот на Будуќност.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page