МЗТ Скопје убедлив во Кавадарци

2015 04 Ное

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром го забележа третиот триумф во домашниот шампионат откако вечерва беше подобар од составот на Фени Индустри и тоа на гости со резултат 93-76. Избраниците на тренерот Алеш Пипан ги добија првите три четвртини во своја корист, а најголемата разлика ја направија во третиот период од мечот кој го добија со резултат 30-9.
Најефикасни во редовите на МЗТ Скопје беа Дамјан Стојановски со 21п, Данило Мијатовиќ со 18 и Душко Буниќ со 12 поени.

 Во тимот на Фени Индустри, Ивеља и Пековиќ со по 17 постигнати поени беа најдобри поединци.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page