МЗТ Скопје поразен од Куманово 74-72

2015 21 Окт

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го доживеа првиот пораз во домашниот шампионат, откако вечерва во рамките од 2.то коло беа поразени од домаќинот Куманово со тесен резултат 74-72. Кумановчани го контролираа резултатот во текот на целата средба, а на моменти имаа водство со двоцифрена разлика. МЗТ Скопје во последната четвртина успеа да се врати целосно во игра и со поените на Дреновац дури и поведе 65-67, но кумановци повторно го вратија водството. Тројка постигна Димитар Караџовски, а потоа истиот играч во пенал завршницата беше сигурен од линијата за слободни фрлања, за конечни 74-72.

Ѓорѓе Дреновац со 15 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје. Душко Буниќ постигна 14 поени, Марко Луковиќ 11 поени, Марко Љубичиќ 10 поени.
Најдобар поединец кај Куманово и воопшто на натпреварот беше Урош Луковиќ со 24 поени и 15 скока.

Следен натпревар за МЗТ Скопје е дуелот од АБА лигата против Цибона кој е закажан за недела со почеток од 17.00 часот.

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page