МЗТ Скопје убедлив на стартот од домашниот шампионат

2015 11 Окт

Кошаракарите на МЗТ Скопје Аеродром дојдоа до првиот триумф во домашниот шампионат, откако вечерва во СЦ Јане Сандански славеа убедлива победа против тимот на Струмица со резултат 100-48. Уште од самиот почеток на средбата, актуелниот шампион создаваше предност која само ја зголемуваше до крајот, не дозволувајќи му на гостинскиот тим да постигне повеќе од 13 поени во секоја од четвртините. 
Поради повреди, тренерот Алеш Пипан реши да ги одмори Марко Љубичиќ и Марко Симоновски, па поголема шанса добија играчите кои поретко влегуваа во игра во досегашниот тек од сезоната. Горјан Марковски беше прв стрелец на оваа средба со 17 поени. Љубомир Младеновски постигна 14 поени, Данило Мијатовиќ 12 поени, додека по 11 поени постигнаа Адем Мекиќ и Душко Буниќ.
Во составот на Струмица по 11 поени постигнаа Марковиќ и Голубовиќ.

 
МЗТ Скопје својот следен меч го игра во вторник кога во рамките од АБА лигата во СЦ Јане Сандански гостува тимот на Игокеа.
4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page