Испечатете ја страната

МЗТ Скопје подобар од Куманово 83-76

2015 18 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Куманово 83-76 и се пласираа во финалето на турнирот "Димитар Ѓорѓиев" кој се игра во Кавадарци. Дамјан Стојановски со 22 поени беше лидер во победата на МЗТ Скопје. Душко Буниќ постигна 17 поени, додека Марко Симоновски и Немања Протиќ беа стрелци на 10 поени. Во финалето кое е закажано за утре со почеток од 19.00ч, МЗТ Скопје го чека поуспешниот од вториот полуфинален дуел помеѓу Фени Индустри и Карпош Соколи.