Испечатете ја страната

Шампионот ги стартуваше подготовките

2015 12 Авг

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром од денес стартува со подготовките за новата натпреваручка сезона. Шефот на стручниот штаб Алеш Пипан на почетокот има на располагање комбинација од играчи во сениорскиот тим, младинската школа, како и играчи кои се на проба во македонскиот кошаркарски шампион. Подготовките на тимот планирано е да се одвиваат во СЦ Јане Сандански во Скопје, кои ќе бидат надополнети со подготвителни натпревари во нашата држава и странство пред почетокот на АБА лигата кој е закажан за 2.ри октомври во Љубљана.