Print this page

МЗТ Скопје поведе со 1-0 во финалето против Куманово

2015 29 May

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Куманово со резултат  94-79, во првиот меч од финалната плејоф серија која вечерва започна во СЦ Јане Сандански во Скопје. Избраниците на тренерот Алеш Пипан имаа целосна контрола над резултатот добивајќи ги сите четири периоди, а најголемата предност од 21 поен разлика ја имаа во 26 минута од средбата.

Стефан Синовец беше најефикасен играч во редовите на МЗТ Скопје со 25 поени, а имаше и 6 скока и 4 асистенции. Предраг Самарџиски средбата ја заврши со 15 поени и 14 скока. Со двоцифрен поентерски учинок беа уште и Сеад Шеховиќ кој постигна 11п и Урош Лучиќ кој постигна 13 поени.

Кај тимот на Куманово, Александар Костоски постигна 20 поени, Караџовски 13п, додека Урош Луковиќ 15п.

Вториот натпревар од финалето во кое што Куманово е домаќин е закажан за недела со почеток од 19.00ч.