Испечатете ја страната

Пуштени во продажба влезниците за првата средба од финалето

2015 26 Мај

Пуштени се влезниците за првиот меч од финалната серија помеѓу екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Куманово кој е закажан за петок (29.05.2015) со почеток од 19.00ч во СЦ Јане Сандански. Влезниците ќе може да се набават низ продажната мрежа на МКТИКЕТС, како и на билетарата при СЦ Јане Сандански по цена од 100 денари.

Финалето во кое за првпат ќе се борат екипите на МЗТ Скопје и Куманово се игра до три добиени средби, а актуелниот кошаркарски првак ќе ја има предноста на домашен терен поради подобриот пласман на крајот од Суперлигата. По натпреварот во петок, термините за преостанатите средби се недела (31.05.2015), вторник (02.06.2015), а доколку има потреба натпревари ќе се играат и во петок (05.06.2015) и недела (07.06.2015).