МЗТ Скопје поразен од Работнички 76-85

2015 15 Мај

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е поразен на домашен терен од Работнички во дуелот од 128-то вечно кошаркарско дерби, кое вечерва се одигра во СЦ Јане Сандански. Во натпревар кој за МЗТ Скопје и немаше резултатско значење, сосема заслужено славеше тимот на Работнички со резултат 76-85.

По израмнетото прво полувреме, Работнички клучната разлика ја направи на стартот од третиот период кога со серија од 16-2 создаде висока предност која ја сочува до самиот финиш на натпреварот.
Ивица Димчевски со 19 поени беше прв стрелец во редовите на Работнички. Чековски постигна 17,  Гечевски 13.
Кај МЗТ Скопје, Сеад Шеховиќ постигна 16 поени, Лучиќ 13, Симоновски 12п.

МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето на плејофот ќе се сретне со тимот на Фени Индустри во натпревар кој би требало да се одигра во наредниот петок (22.05.2015).

4 Uni Banka.jpg4 sport m logo web.jpg6. adidas.jpgPekabesko 1.jpgadora logo za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgcedevita logo web.jpgcevahir logo za sajt.jpgsistina logo web.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), пет по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014,2015, 2016) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page