Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва го совладаа тимот на Карпош Соколи со резултат 80-100 со што го обезбедија првото место на табелата пред стартот на плејофот. Избраниците на тренерот Алеш Пипан одлично го отворија мечот и по десет минути игра создадоа огромна предност од плус 27 поени разлика (17-44). Високата предност кошаркарите на МЗТ Скопје рутинирано ја одржуваа се до самиот финиш на мечот за конечни 80-100.
Шестмина кошаркари во победничкиот состав беа со двоцифрен поентерски учинок, а нив ги предводеше Данило Мијатовиќ со 20 постигнати поени.Сеад Шеховиќ имаше 16п, Цветковиќ 14п, Лучиќ 12п. Синовец 11п и Предраг Самарџиски со 10 поени.
Душан Кнежевиќ со 17 поени беше најефикасен кај домаќинот.
МЗТ Скопје Аеродром во петок (15.05.2015) со почеток од 19.00ч го пречекува тимот на Работнички во последното коло од Суперлигата.