К.К. МЗТ Скопје Аеродром

Дербито МЗТ Скопје-Работнички со хуманa страна

2015 11 May

Од вторник (12.05.2015) започнува продажбата на влезниците за натпреварот од 10.то коло на Суперлигата помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кој ќе се одигра во петок (15.05.2015) со почеток од 19.00ч.Влезниците ќе бидат по цена од 100 денари, а целиот приход од влезниците ќе биде наменет за помош на Максим Стојановски.

 

 

         ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА МАЛИОТ МАКСИМ

 

Максим Стојановски, кој е роден во 2012 година, има проблем со видот. По долгите испистувања е констатирано дека во Македонија нема решение за лечење на неговиот проблем.
Единствена можност тој да почне да гледа е оперативен зафат (вбризгување на аломпланти), кој се изведува во странство, на секои шест месеци, до постигнување на очекуваниот резултат, но за лекувањето се потребни околу 30.000 евра, кои семејството на Максим не е во можност да ги обезбеди.
Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да му помогнат на Максим преку донирање средства и на жиро-сметката:

 

МАКСИМ СТОЈАНОВСКИ
ЕМБГ 1511012450131
НЛБ Тутунска Банка АД Скопје
ж-сметка бр. 210 700000613273
цен на дознака: донација за лекување во странство

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page