Испечатете ја страната

МЗТ Скопје убедлив против Куманово (107-58)

2015 08 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се вратија на победничките патеки откако вечерва на домашен терен убедливо го совладаа составот на Куманово со резултат 107-58.
МЗТ Скопје беше надмоќен во текот на целиот меч, а убедливото водство започна во вториот период кога МЗТ Скопје оствари и двоцифрена предност со која замина на полувремето 48-34.
Во второто полувреме избраниците на Алеш Пипан продолжија да го полнат кошот на Куманово добивајќи ги и двете преостанати четвртини со висока разлика.
Сите играчи кои беа во составот на МЗТ Скопје за вечерашниот меч добија шанса за настап и сите се запишаа во листата на стрелците.
Сеад Шеховиќ беше прв стрелец кај „металците" со реализирани 18 поени. Александар Чапин постигна 16п, Марко Симоновски 14п, додека Данило Мијатовиќ средбата ја заврши со 14 поени и 10 скока. Александар Цветковиќ исто така одигра одличен натпревар со 7 постигнати поени на кои додаде 10 асистенции.
Во тимот на Куманово, Александар Костоски беше најдобар поединец со 15 постигнати поени.

МЗТ Скопје Аеродром во вторник (12.05.2015) гостува кај тимот на Карпош Соколи, во дуел од претпоследното 9.то коло на  Суперлигата.