Испечатете ја страната

МЗТ Скопје со нов триумф над Кожув (77-71)

2015 03 Мај

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Кожув со резултат 77-71 во натпревар од 6.то коло на Суперлигата. Мечот помина во израмнета игра на двете страни, а клучната предност избраниците нат тренерот Алеш Пипан ја направија во вториот период кој го добија со резултат 17-9.

Сеад Шеховиќ и Урош Лучиќ постигнаа по 12 поени, додека Синовец и Самарџиски средбата ја завршија со по постигнати 11 поени.
Кај гостите од Гевгелија, по 13 поени постигнаа Шепа, Брчков и Пековиќ.

МЗТ Скопје во среда (06.05.2015) му гостува на Фени Индустри во Кавадарци во дуел од 7.коло на Суперлигата.