К.К. МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје поуспешен од Работнички (83-82)

фото: sportmedia.mk 2015 01 May

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром успеаа да го совладаат Работнички со тесен резултат 82-83, во вечното дерби кое во 5.то коло на Суперлигата се одигра во Градски Парк во Скопје.

МЗТ Скопје одлично го стартуваа мечот и доста брзо создадоа двоцифрена предност со која заминаа на полувремето (32-42). Во вториот дел домашните кошаркари полека но сигурно ја топеа предноста на гостите, па во 34-та минута со тројката на Павковиќ успеаа да поведат со 2 поени разлика ( 53-51). МЗТ Скопје многу брзо успеа да ја врати предноста во своја корист и во последната минута од мечот влезе со позитива од 6. Неизвесна завршница најави Павковиќ со две постигнати тројки со кои го намали водството на шампионот, меѓутоа можноста мечот да оди во продолжени ја пропушти Ѓурковиќ кој не успеа да ги реализира двете слободни фрлања на две секунди до крајот на средбата.

Александар Чапин беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 22 поени. Марко Симоновски и Предраг Самарџиски постигнаа по 17, додека капитенот Урош Лучиќ средбата ја заврши со 14.


Во составот на Работнички, Ѓорѓи Чековски постигна 24 поени.

МЗТ Скопје во недела со почеток од 18.00ч го пречекува тимот на КК Кожув во 6.то коло од Суперлигата.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Следете не и на

Top of Page