МЗТ Скопје подобар од К.Соколи (91-84)

2015 28 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа тимот на Карпош Соколи со резултат 91-84 во натпревар од 4.то коло на Суперлигата. МЗТ Скопје успеа да ја добие првата четвртина со три поени разлика во своја корист, но добрата игра на гостите во вториот период успеа да им овозможи да заминат на полувремето со предност од 47-50. Целиот пресврт и клучната разлика домашниот состав успеа да ја оствари во третиот период кога со серија од 20-5 создаде двоцифрена предност која ја одржуваше до пред самиот крај на мечот, кога екипата на Карпош Соколи успеа да намали за конечни 91-84.

Предраг Самарџиски со двоен ефект од 17 поени и 11 скока беше најдобар поединец во редовите на МЗТ Скопје. Со двоцифрен број на поени беа уште и Сеад Шеховиќ со 16п, Синовец и Чапин со по 15п и Марко Симоновски со 13 постигнати поени.

Во тимот на Карпош Соколи, Крис Ворен беше стрелец на 18 поени, додека Дариус Рајс постигна 13 поени.

Во следното петто коло од Суперлигата, МЗТ Скопје Аеродром гостува на Работнички во меч кој е закажан за петок (01.05.2015).

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page