Испечатете ја страната

МЗТ Скопје поразен во Куманово 99-90

2015 19 Апр

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени од Куманово со резултат 99-90 во меч од третото коло на Суперлигата кој вечерва се одигра во Куманово.

МЗТ Скопје одигра добро во првиот и третиот период кога и ги доби со 8, односно 7 разлика, меѓутоа актуелниот шампион одигра доста лошо во останатите два периоди, посебно во вториот кога го загуби со 33-16.

Урош Луковиќ со 20 поени и 7 скока беше најпрецизен во домашниот состав. Марјан Јаневски и Александар Костовски постигнаа по 18.
Кај МЗТ Скопје, Александар Чапин постигна 22, Предраг Самарџиски 21 додека Стефан Синовец беше стрелец на 18 поени.


Следниот меч МЗТ Скопје Аеродром го игра на домашен терен против екипата на Карпош Соколи.