Испечатете ја страната

МЗТ Скопје-Фени Индустри, Недела 18:00ч

2015 04 Апр

По двонеделна пауза продолжуваат настапите на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во домашното кошаркарско првенство. Во недела (12.04.2015) со почеток од 18.00ч ќе се одигра мечот од второто коло на Суперлигата каде што МЗТ Скопје е домаќин на Фени Индустри.
Влезниците за овој дуел се со цена од 100 за горните трибини и 200 денари за ВИП секциите и истите може да се набават на билетарата при СЦ Јане Сандански пред почетокот на натпреварот.