Карпош Соколи - МЗТ Скопје 87-86

фото: sportmedia.mk 2015 26 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеа тесен пораз од Карпош Соколи во последниот натпревар пред почетокот на Суперлигата. Во неизвесен меч со голем број на постигнати поени и чести промени на резултатот, домашниот состав беше тој кој на крајот успеа да слави со резултат 87-86.

Стефан Синовец со 17 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје. Марко Симоновски беше стрелец на 13, додека по 12 поени постигнаа Цветковиќ, Шеховиќ и Предраг Самарџиски.

Крис Ворен со 21 поен беше прв стрелец кај Карпош Соколи, додека 19 поени постигна Кнежевиќ.

И покрај вечерашниот пораз од Соколи, МЗТ Скопје Аеродром остана на првото место на табелата со скор од 12 победи и 4 порази.

МЗТ Скопје ја започнува Суперлигата во Гевгелија, против тимот на Кожув во меч кој е закажан за сабота со почеток од 19.00ч.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page