Испечатете ја страната

МЗТ Скопје-Куманово 81-74

2015 19 Мар

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја остварија и третата победа во серија, откако вечерва на домашен терен беа подобри од Куманово кој го добија со резултат 81-74.
Добриот старт на третата четвртина и серијата од 14-3 по која МЗТ Скопје создаде двоцифрена предност се покажа како решавчка за мечот, откако претходно двете екипи до полувремето одиграа рамноправно.

Сеад Шеховиќ со 26 поени и 5 асистенции беше лидер во победата на МЗТ Скопје. Љубомир Младеновски доби поголема минутажа во отсуство на повредениот Урош Лучиќ, и беше стрелец на 13 поени, а исто толку имаше и Александар Чапин.
Кај гостите од Куманово, Урош Луковиќ постигна 18 поени, додека Александар Костоски средбата ја заврши со 12 поени.

МЗТ Скопје Аеродром во недела во Белград со почеток од 12.00 часот ќе го одигра последниот меч од АБА лигата оваа сезона, кога гостува на екипата на Црвена Звезда.