Print this page

МЗТ Скопје Аеродром-Кожув 72-60

2015 12 Mar

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва го совладаа тимот на Кожув со резултат 72-60 и останаа на првото место на табелата во домашниот кошаркарски шампионат. По израмнетото прво полувреме, во третиот период МЗТ Скопје одигра одлично во одбраната и мудозволи на Кожув да постигне само 7 поени, по што создаде разлика од 15 поени која пак рутинирано ја задржи до самиот финиш на мечот.

Капитенот Урош Лучиќ беше прв стрелец на вечерашната средба со реализирани 21 поен и 7 скока. Сеад Шеховиќ постигна 13 поени надополнети со 12 скока , додека Александар Чапин и Александар Цветковиќ постигнаа по 10 поени.

Во тимот на Кожув, Слободан Дунџерски постигна 18 поени, а Филип Шепа беше стрелец на 13 поени.

МЗТ Скопје во недела со почеток од 21.00 часот е домаќин на тимот на Цибона во рамките од АБА лигата.