Испечатете ја страната

МЗТ Скопје лесно против Струмица

2015 04 Мар

МЗТ Скопје лесно против Струмица

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја совладаa екипата на Струмица во натпревар од домашниот кошаркарски шампионат кој се одигра вечерва во Струмица. МЗТ Скопје добро го започна мечот, па доста рано поведе со висока разлика од плус 17 по 10 минути игра. Следуваше период на слаба игра, во кој домашниот состав на Струмица успеа да постигне 19, а да прими само 14 поени, па на полувремето МЗТ Скопје замина со предност од 11 поени.  Со стартот на второто полувреме гостинските кошаркари наметнаа силно темпо со кое многу брзо создадоа високо водство за на крајот МЗТ да слави со 45-107.

Марко Симоновски и Стефан Синовец со по 18 постигнати поени беа први стрелци во редовите на МЗТ Скопје. Урош Лучиќ постигна 16п, Предраг Самарџиски 11п, додека Сеад Шеховиќ мечот го заврши со 10 поени.

Кај Струмица, Марио Хасанов постигна 14 поени.

МЗТ Скопје следниот меч го игра во АБА лигата, каде што во Софија гостува на екипата на Левски, во натпревар кој е закажан за понеделник со почеток од 18.00ч.