Print this page

МЗТ Скопје со триумф над Гоце Делчев

2015 25 Feb

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совладаа составот на Гоце Делчев од Штип во натпреварот од 14.то коло на домашниот шампионат. МЗТ Скопје славеше со резултат 73-88, а предноста ја стекна со добрата игра во вториот и третиот период од мечот. Стефан Синовец постигна 19 пoeni, Пеџа Самарџиски беше стрелец на 15, исто колку што постигна и Александар Цветковиќ, додека Кирил Николовски мечот го заврши со 10 поени. 

Следен настап на МЗТ Скопје е дуелот од АБА лигата против Унион Олимпија кој е закажан за недела со почеток од 17:00ч.