МЗТ Скопје подобар од Работнички 78-71

2015 18 Фев

МЗТ Скопје Аеродром забележа победа над Работнички во вечното дерби кое се одигра вечерва во СЦ Јане Сандански. Во дуелот од 13.то коло на домашното кошаркарско првенство, актуелниот шампион успеа да слави со резултат 78-71. МЗТ Скопје многу лошо го стартуваше мечот, имаше негатива но сепак успеа да извади нерешен резултат по првите 10 минути. Вториот период означи одлична игра и во нападот и во одбраната за кошаркарите на МЗТ Скопје кои на полувремето заминаа со плус 11 во своја корист. Третиот период донесе подобра игра на гостите од Градски Парк кои успеаа во целост да ја надоместат предноста на МЗТ Скопје, па во последните 10 минути се влезе со нерешен резултат 53-53. Домаќините клучната разлика ја направија на стартот од последниот период, кога со серија од 11-3 успеаа да созадат предност која рутинирано ја задржаа до самиот финиш на средбата.

Предраг Самарџиски беше прв стрелец во редовите на МЗТ Скопје со 14 поени и 11 скока, а со двоцифрен број на постигнати поени беа уште и Урош Лучиќ и Марко Симоновски со по 14 и Александар Цветковиќ кој средбата ја заврши со 11 поени.

Во поразениот тим на Работнички Ѓорѓи Чековски постигна 19 поени, додека Тодор Гечевски беше стрелец на 15.

Следниот настап на МЗТ Скопје Аеродром е полуфиналната пресметка од Купот на Македонија против КК Кожув од Гевгелија, која е закажана за сабота со почеток од 17:00 часот.

4 Uni Banka.jpgGjorgievi logo2 mk za sajt.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpgtriglav logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page