Print this page

Бесплатен влез за натпреварот МЗТ Скопје-Работнички

2015 16 Feb

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш информира дека влезот за натпреварот  против КК Работнички ќе биде бесплатен за сите жители на Општина Аеродром.

Сите оние кои не се жители на Општина Аеродром, а се симпатизери на МЗТ Скопје, на натпреварот ќе можат да влезат од страната на навивачката група, каде што од обезбедувањето ќе бидат пропуштени кон другите трибини на СЦ Јане Сандански.

Истиот начин на функционирање ќе биде и за натпреварите од Купот на Македонија во кои КК МЗТ Скопје Аеродром ќе учествува.

Натпреварот помеѓу КК МЗТ Скопје Аеродром и КК Работнички е закажан за среда 18.02.2015, со почеток од 18.30 часот. Ги повикуваме сите навивачи и симпатизери на клубот, во среда да дојдат барем еден час пред почетокот на мечот со цел да се избегнат непотребни гужви и со себе задолжително да носат документ за лична идентификација.