Испечатете ја страната

Информација за дуелот МЗТ Скопје Аеродром - Работнички

2015 13 Фев

КК МЗТ Скопје Аеродром АД Скопје информира дека за престојниот меч во рамките од 13.то коло на домашната Суперлига против КК Работнички влезот ќе биде бесплатен за сите љубители на кошарката со живеалиште во Општина Аеродром.

Пред самиот почеток на мечот кој е закажан за среда (18.02.2015 од 18:30ч), секој фан на МЗТ Скопје со приложување на документ дека е жител на Општина Аеродром ќе добие влезница за натпреварот.

За сите останати наши симпатизери од другите скопски населби или пак од другите градови во нашата држава кои ќе изразат желба да присуствуваат на вечното дерби,  истото ќе можат да го сторат без никакви проблеми доколку со обележја на МЗТ Скопје го користат влезот наменет за навивачката група на клубот.