Испечатете ја страната

МЗТ Скопје лесно со Водњански Лисици

фото: sportmedia.mk 2015 11 Фев

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го совлада составот на Водњански Лисици со резултат 56-81 во последниот натпревар од 12.то коло на домашниот кошаркарски шампионат. Актуелниот шампион сосема очекувано и без никакви проблеми стигна до седмиот овосезонски триумф.
Марко Симоновски со 16 поени, Младеновски со 13 и Предраг Самарџиски со 11 поени беа играчите кои имаа двоцифрен поентерски учинок на натпреварот во кој што шанса за настап добија сите кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром.