Испечатете ја страната

Фени Индустри-МЗТ Скопје Аеродром 90-79

2014 17 Дек

МЗТ Скопје е поразен од тимот на Фени Индустри со резултат 90-79 во последниот овогодишен натпревар од домашниот шампионат. Двете екипи одиграа натпревар со голем број на постигнати поени, посебно во првото полувреме по кое што Фени имаше позитива од два поена (51-49). Во второто полувреме домаќинот заигра многу подобро, посебно во дефанзивата дозволувајќи му на МЗТ Скопје да постигне само 30 поени во последните две четвртини и сосема заслужено да дојде до многу посакуваниот триумф.

 

Адам Кемп со 18 поени и 9 скока беше најефикасен во победничкиот состав, а со двоцифрен број на поени беа уште и Караџовски со 17, Амонс со 16 и Гајовиќ со 14.

 

Сеад Шеховиќ постигна 20 поени, додека Александар Цветковиќ мечот го заврши со 18 поени и 10 асистенции.

 

МЗТ Скопје во понеделник го пречекува тимот на Црвена Звезда, во рамките од 13.то коло на АБА лигата.