МЗТ Скопје Аеродром-Карпош Соколи 97-85

2014 10 Дек
foto: sportmedia.mk

 

 МЗТ Скопје Аеродром го совлада тимот на Карпош Соколи со резултат 97-85 во последната средба од 9.то коло на домашниот кошаркарски шампионат. Во натпревар со голем број на постигнати поени, тимот на МЗТ Скопје имаше целосна контрола врз играта и резултатот во текот на сите четири периода, а на моменти имаше водство и од 20 поени разлика.

Четири играчи на МЗТ Скопје мечот го завршија со двоцифрен поентерски учинок. Дион Диксон одигра уште еден одличен меч за македонскиот шампион, во кој за 20 минути поминати на паркетот постигна 26 поени без промашување од поле. Марко Симоновски беше стрелец на 23 поени, Цветковиќ постигна 17, додека Сеад Шеховиќ мечот го заврши со 12 поени.

Во гостинскиот состав Димче Тасовски беше прв стрелец со 20 поени.

Со вечерашниот триумф над Карпош Соколи и новите два бода, МЗТ Скопје изби на првото место на табелата во домашниот шампионат со скор од 6 победи и 2 пораза. Следниот меч македонскиот кошаркарски шампион го игра против Цибона во Загреб, кој е закажан за недела со почеток од 17:00 часот.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page