МЗТ Скопје Аеродром-Струмица 98-53

2014 26 Ное

МЗТ Скопје Аеродром го забележа петтиот триумф во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеше убедлива победа против екипата на Струмица со резултат 98-53. Високата предност што МЗТ Скопје ја создаде уште на стартот од мечот, придонесе сите кошаркари да влезат во игра и најголемиот дел од нив да се запишат во листата на стрелците.
Американецот Дион Диксон беше прв стрелец на натпреварот со 29 постигнати поени, заедно со 6 скока и 5 асистенции.  Иван Маринковиќ постигна 14 поени а имаше и 13 скока, додека Дамјан Стојановски мечот го заврши со 14 поени.

Марио Хасанов со 15 и Томче Соколов со 13 поени беа најефикасни во редовите на Струмица.

МЗТ Скопје во петок патува за Љубљана за дуелот од 10.то коло на АБА лигата, против екипата на Унион Олимпија кој е закажан за сабота со почеток од 21:00 часот.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page