Николов уште една сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2020 13 Авг

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов (23 год, 188 см) и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со нашиот клуб.

Станува збор за плејмејкер, кој со 18 години дебитира во Евролигата како играч на Галатасарај, а претходно, со 15 години, осум месеци и девет дена настапи во дресот на Македонија на средба против Русија во 2012 година со што влезе во историјата како најмлад репрезентативец. Тој ги одигра сите 17 средби на нашиот тим во Првата лига минатата сезона и тоа со просек од 7,2 поени, 2,3 скока и 2,9 асистенции, додека настапи и на 21 средба во АБА2-лигата со просечна минутажа од околу десет минути.

Николов е седмиот македонски репрезентативец кој ќе му биде на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов во сезоната која доаѓа, со оглед на претходно потпишаните соработки со Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Адем Мекиќ и Филип Бакоч. На списокот играчи се и тројца странци и тоа Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, како и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page