Адем Мекиќ повторно во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

2020 07 Јул

Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ (24 год, 197 см), во следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион.

Ова всушност значи негово враќање во тимот во кој ги направи речиси првите чекори на сениорската сцена. Мекиќ претходно беше дел од нашиот клуб во периодот помеѓу 2014 и 2017 година, кога настапуваше во елитната АБА-лига и во Еврокупот, а потоа одигра две сезони во Куманово и една во Пелистер. Тој за време на престојот во Аеродром се закити со три шампионски титули и два пехари во Купот на Македонија.

Ова е второ засилување за нашиот тим летово, по ангажманот на Филип Бакоч, а од минатата сезона ќе продолжат Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко и Бојан Крстевски, заедно со тренерот Ѓорѓи Кочов, кој исто така го обнови договорот.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page