Допис до КФМ: Вратете ни ги парите или ќе поднесеме кривична пријава за Перо Антиќ!

2020 03 Јун

МЗТ Скопје Аеродром би сакал да ја извести јавноста дека останува доследен на своите заложби искажани во периодот во кој челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) правеа сѐ што можеа да ја поништат сезоната 2019/20 без да прогласат шампион, па денеска и официјално испрати допис до Куќата на кошарката во кој си ги бараме сите пари кои ги уплативме на нивната сметка од почетокот до прекинот на првенството.

Правните застапници на нашиот клуб сметаат дека со одлуката за поништување на сезоната се оштетени нашата, но и сите други прволигашки екипи, на кои им е нанесена голема метеријална штета. МЗТ Скопје Аеродром до средината на март на сметка на КФМ уплати 1,06 милиони денари (нешто повеќе од 17.000 евра), кои бараме да ни бидат вратени од страна на Перо Антиќ и од неговите соработници и тоа во рок од - три дена.

Ако челниците на македонската кошарка во овој рок не ги уплатат на сметката на клубот парите кои ние им ги дадовме за да ја организираат Првата лига, а потоа и да ја завршат според личниот и според интересот на нивните коалициски партнери, тогаш ќе бидеме принудени да изготвиме и да поднесеме пријава за сторени кривични дела. Од Основното Јавно обвинителство ќе побараме да поведе постапка за кривичен прогон против овластеното лице на КФМ, односно против претседателот Перо Антиќ и тоа за кривично дело „Измама“, како и за кривично дело „Злоупотреба на службена должност“.

Ова е само наш прв конкретен чекор во најавената борба против раководството на КФМ, поради нивната лоша работа, непотизам и ставање на личните интереси пред доброто на македонската кошарка, што јавноста можеше да го види од небулозниот начин на кој ги истуркаа одлуките за поништување на кои уште од самиот старт инсистираа, без разлика на актите, процедурите и на последиците. Сѐ останато што споменавме во изминатиот период, меѓу што е и размислувањето дали ќе играме во Првата лига следната сезона и понатаму стои како опција, која би можеле да биде официјализирана на некоја од седниците на нашиот Борд на директори во периодот кој следува.

4 Uni Banka.jpgNeuromedika za sajt.jpgaerodrom-novo-logo.jpg

За нас

 
МЗТ Скопје Аеродром е кошаркарски клуб од Општина Аеродром, Македонија. Клубот е основан во 1966 година и во својата историја има освоено шест титули во Македонската кошаркарска лига во рамките на Југославија (1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1979), седум по осамостојувањето на Македонија (2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019) како и девет титули во Кошаркарскиот Kуп на Македонија (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016, 2018).
Покрај настапите во Македонската лига, „МЗТ Скопје Аеродром“ настапувал и во регионалната „АБА Јадранска лига“, како и во УЛЕБ Еврокупот.

Локација

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.1, 1000, Скопје. Република Македонија

Контакт

тел/фах: +389 2 2444-567

email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Следете не и на

Top of Page