Print this page

УНИ Банка и трета сезона по ред ќе го „носи“ дресот на МЗТ Скопје Аеродром!

2019 06 Oct

Една од сигурно најдобрите компании од финансиската сфера во нашата држава, „УНИ БАНКА“, продолжува да „држи“ лекции како треба да изгледа една општествено-одговорна компанија кај нас со континуирано вложување во македонскиот спорт, откако и трета сезона по ред ќе биде еден од столбовите во спонзорскиот пул на МЗТ Скопје Аеродром.

Тимот што победува не се менува, со оглед што нашиот тим со помош на големиот пријател во првата сезона од меѓусебната соработка дојде до пехарот во Купот на Македонија, а во втората ја врати шампионската титула во „Јане Сандански“. Заедничка желба е сезонава да биде „трета среќа“ односно спојување на претходните успеси со освојување на двојната круна, која потоа заеднички ќе ја прославиме.

„УНИ Банка“ својата приказна ја почнува во 1993 година, а низ годините се промовираше како лидер во средната група на банки во Македонија, благодарение пред сѐ на довербата која им беше укажана од нивните клиенти, како и постојаниот процес на усовршување на работењето и вработените. Таа креира и имплементира низа иновативни продукти и услуги, исклучиво како одговор на потребите на клиентите, водени од европските и светските банкарски стандарди. На клиентите им нуди исклучителен систем од вредности заснован на традиција, сигурност и стабилност.

Низ овие години, банката може да се пофали со 25-годишно успешно и стабилно работење, над 200.000 клиенти, 30 експозитури ширум Македонија, голем број на банкомати низ државата и огромен број на издадени картички. „УНИ Банка“ е прва банка која во своето работење воведе чип заштитна технологија и прва банка која го воведе електронското плаќање преку интернет, со нов иновативен пристап во работењето и директен непосреден пристап и комуникација со клиентите. Таа воедно е и активен учесник во креирањето на корпоративни општествени вредности и поддржувач на младите, спортот, културата и уметноста, за што соработката со МЗТ Скопје Аеродром е можеби и најголем пример.

Финансиската помош од „УНИ Банка“ и тоа како ќе ни биде од помош во сезоната која неодамна ја почнавме, а во која ќе сториме сѐ да дојдеме до осмата титула и десеттиот трофеј во Купот на Македонија, како и да се бориме за самиот врв во АБА2-лигата. Ова е трета година од меѓусебната соработка со банката, која се надеваме дека ќе се надградува од година во година.

Истовремено, се надеваме дека нашата заедничка успешна приказна, како со „УНИ Банка“ така и со останатите спонзори кои се дел од нашиот пул, ќе биде и мотив повеќе за останатите општествено-одговорни компании во Македонија да го следат нивниот пример и во најскоро време да станат наши спонзори односно донатори.