Испечатете ја страната

Одбраната на титулата ја почнуваме со Куманово, „младинците“ ќе дебитираат во второто коло

2019 13 Сеп

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одбраната на шампионската титула ќе ја почнат на домашен терен и тоа против некогаш големиот противник Куманово, додека нашиот младински состав, кој сезонава ќе дебитира во Првата лига, ќе почека на првиот меч со оглед што вчерашната ждрепка реши да биде слободен во првото коло.

Нашите таленти предводени од Горан Крстевски дебитантскиот прволигашки меч ќе го одиграат во втората рунда и тоа на гости против амбициозниот сезонава АВ Охрид. Историскиот меѓусебен дуел на напите две екипи е закажан за во седмото коло, додека вечното дерби против традиционално најголемиот ривал Работнички ќе го одиграме во последното 11. коло и тоа како гости. Младинците, пак, две рунди претходно ќе имаат можност да му гостуваат на најдобриот состав од Центар.

Сезоната е предвидено да почне на 5 октомври.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Куманово

МЗТ Скопје Младинска слободен

2. KOЛО

Гостивар - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

АВ Охрид - МЗТ Скопје Младинска

3. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ слободен

МЗТ Скопје Младинска – Пелистер,

4. КОЛО

АВ Охрид - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Кожув - МЗТ Скопје Младинска

5. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – Пелистер

МЗТ Скопје Младинска - Вардар

6. КОЛО

Кожув - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

МЗТ Скопје Младинска - Еуроникел

7. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - МЗТ Скопје Младинска

8. КОЛО

Еуроникел - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

МЗТ Скопје Младинска - Академија ФМП

9. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - Вардар

Работнички - МЗТ Скопје Младинска

10. КОЛО

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - Академија ФМП

МЗТ Скопје Младинска - Куманово

11. КОЛО

Работнички - МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Гостивар - МЗТ Скопје Младинска